Концерт на Илза и Шкељзен Бафтиари во Музејот на македонската борба

Во Музејот на македонската борба вечервa во 20 часот концерт ќе одржат Илза Бафтиари (виола) и Шкељзен Бафтиари (пијано). Тие ќе изведат дела од Бах, Глинка, Спироски и од Вебер. Концертот се одржува во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“.

Илза Бафтиари од Тетово почнала да учи виолина од 9-годишна возраст во класата на проф. Сихана Бадивуку. Дипломирала на ФМУ во класата на проф. Фросина Балова. Настапувала со многу домашни и странски оркестри во земјава, Италија, Словенија, Австрија, Швајцарија. Моментално е вработена во Македонската филхармонија, а е дел од германскиот оркестар „Манхајмер Филхармоникер“.

Шкелзен Бафтиари диломирал со CUM Laude на ФМУ во класата на проф. Симон Трпчески.
Добитник е на повеќе меѓународни награди во Париз, Рим, Торино, Пловдив, Благоевград, Белград. Одржувал солистички концерти во Тетово, Скопје, Струга, Приштина Тирана, Софија, Охрид. Настапувал како солист во Лондон Сити Филхармоник, Македонска Филхармонија, Симфонискиот Оркестар на ФМУ, Косовска Филхармонија, Симфонискиот оркестар на Албанската РТВ.

Сподели