„Те кажувајет, Илино моме“ – концерт на Габриела Новевска во НОБ

„Те кажувајет, Илино моме“ е насловен првиот голем, солистички концерт на Габриела Новевска, насловен кој ќе се одржи во среда (10 септември) во 20 часот, во големата сала на Националната опера и балет. На концертот ќе бидат премиерно изведени сите осум композиции од истоимениот албум и уште неколку нови преработки.

Габриела Новевска ја интерпретира македонската народна песна најблизу до нејзината оригинална варијанта, истовремено оставајки свој, автентичен белег. Иако е долги години препознатлива како вокал на етно-составот „Монистра“ и дел од Националниот ансамбл „Танец“, проектот „Те кажувајет, Илино моме“ е она со кое самата се издвојува. Па така, народната песна ја вметнува во фузијата на рок и џез музиката. Начинот на старото македонско пеење е задржан, додека музичката обработка се вклопува во денешниот, модерен свет. Во целиот проек се вклучени најреномираните музичари во својата област, а аранжманите се дело на Александар Јовевски.

Сподели