Finding the Groove е насловот на концертот што оркестарот „Фејмс“ ќе го одржи утревечер во 20 часот во малата сала на Македонската филхармонија. Концертот ќе го диригира Тим Редмонд од Велика Британија, а солист ќе биде Даглас Маринер, тапанар. Овој спој на класика и џез ќе понуди селекција од најпознатите дела од џез, блуз, па дури и поп, диско сфери – со имиња како Дјук Елингтон, Чарли Паркер и Стенли Гетц – на еден извонредно уникатен концерт.
Тимоти Редмонд е професор на Ѓилдхолската школа за музика и драм и диригент на Кралската филхармониска оркестар. Даглас Маринер е џез тапанар од Њујорк со оригинално класична позадина, кој редовно настапува со бендови и оркестри како Vince Giordano and The Nighthawks, Terry Waldo’s Gotham City Band, Detroit Symphony Orchestra и други реномирани ансамбли. Како дуо, тие се спремни да ви претстават избор на познати дела со свеж, енергичен и неконвенционален пристап кон оркестарската музика.
FAME’S Institute е меѓународна, независна едукативна платформа за класична и современа музика, која четири години создава меѓународна колаборација помеѓу млади професионални музичари и врвни светски уметници, диригенти, педагози и институции. Основан во Скопје, FAME’S Institute е препознаен регионален центар за музичка извонредност, каде образованието, уметноста и сценската пракса се спојуваат во автентично професионално искуство.
Ова е втор концерт од февруарската програма со истиот диригент, а првиот се одржа на 10 февруари на истата локација.





