Сопранот Елена Голомеова и пијанистката Нита Груби ќе одржат концерт вечерва во 20.30 часот во Салон 19,19 во Културно-информативниот центар во Скопје. Настапот е во рамките на 45. Скопско лето.
На концертот ќе бидат изведени: сцена на Џилда од Операта „Риголето“: Џузепе Верди (Фр.), Врати се – Музика: Ернесто Д. Куртис (Фр.), Сцена на Жанет од Операта „Свадбата на Жанет“ – Музика: Виктор Масе (Фр.) , Medley на Корзиканска музика: Луи Лаш/Жан Пол Чугурно (Корзика Фр.), Medley на Израелска музика: Клод Бернар/Абраам Ц. Иделсон (Фр.), Прими светлина – Музика: Луиза (Фр.), Мамо колку сум среќна – Музика: Чезаре А. Биксио (Фр.), Medley на македонска музика.