Концерт на „Дупер“ на Антички театар во Охрид на 5 август

Групата „Дупер“ на 5 август годинава прв пат ќе застане на сцената на Античкиот театар во Охрид. Ова е прво појавување, прва средба и прв печат на Дупер на најсимболичната летна сцена во Македонија. „Дупер“ носат автентичен урбан израз, силни текстови и емоција што директно комуницира со публиката. На 5 август, тие ќе ја претворат историјата во ритам, каменот во ехо, а Охрид во центар на современата музичка сцена.

Со врвна продукција, моќен звук и атмосфера каква што само Античкиот театар умее да создаде, публиката ќе биде сведок на момент кој отвора ново поглавје. Момент во кој се бришат границите меѓу жанрови, генерации и времиња.

Картите се веќе пуштени во продажба и може да се купат преку: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел Бисер и ЈК травел Дајмонд. Организатор е Pragma Production.

Сподели