Квартетот флејтисти „Аулос“ вечерва во 19.19 часот, во Салонот 19.19 ќе одржи концерт. На програмата ќе бидат изведени дела од: Џ. Бричалди, Ж. Кастереде, М. Бертомие, Р. Гајат, како и композицијата „Сербез Донка“, во аранжман на Дамир Имери.

Квартетот „Аулос“ постои од 2007 годинa, а го сочинуваат четворица млади флејтисти: Јана Каевска, Пандорка Јанаќиева, Ангела Димковска и Александар Лолески, сите дипломирани или студенти од класата на реномираниот професор по флејта Страшо Темков. Камерниот ансамбл „Аулос“ е присутен на македонската сцена речиси 13 години.

Низ годините има постигнато значајни резултати како прва награда на Меѓународниот натпревар по камерна музика во Скопје, 2008 година; прва награда на Меѓународниот натпревар по камерна музика во Валјево, Србија, 2009 год., многубројни концерти: концерт во Радовиш во рамките на манифестацијата „Град на култура“, концерт во Кавадарци во рамките на манифестацијата „Град на култура“, концерт во Гевгелија 2009 год; концерт во Софија, Бугарија во рамките на Меѓународната соработка со Р. Македонија и во рамките на „ Ден на Софија“- 17 септември, 2010 год., концерт во Даут Пашин Амам на 18.06.2012 во Скопје; концерт во Лесковац, Р. Србија, 2012 год.настап на Манифестацијата „Денови на македонска музика“ во Скопје, април 2013 год., концерт во Белград на манифестацијата „Калемегдански сутони“ како соработка меѓу Музичката младина на Македонија и Музичката младина на Србија, јули 2013 год., настап на отворањето на манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“, август 2013, концерт во Струмица по повод отворање на Семинар по флејта, труба и хорна, август 2013, концерт во Кочани-25.09.2013, настап на концерт за француска музика,ФМУ, Скопје-27.11.2013, концерт во Тетово-03.04.2014, настап и промоција-Лешок,Тетово-08.10.2014, концерт во Музеј на македонската борба, Скопје-16.12.2014, концерт како дел од манифестацијата Скопско Лето-17.07.2015, концерт на Денови на кочански ориз, Кочани-24.09.2015, концерт во Струмица-23.08.2018, концерт во Музеј на град Скопје-13.10.2018, концерт на Музичката академија во Загреб – 27.04.2019, концерт во Музеј на македонската борба – Скопје – 20.12.2019, едукативен проект „Скопје гради музика 3“(онлајн) октомври 2020.

Концертната дејност на квартетот „Аулос“ продолжува па така во изминатата година реализираа концерти во Михајлово, Кавадарци за време на Летниот музички камп по флејта, хорна и труба, концерт во ОМУ„Боро Џони“ Струмица, НУЦК„Трајко Прокопиев“ Куманово  и во Музејот на македонската борба во Скопје.

Квартетот „Аулос“ се ексклузивци на Музичка младина на Македонија, преку што бележат и уште многу значајни концерти.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.