Академскиот ансамбл „Македонија“ ќе одржи целовечерен концерт вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино. Ансамблот „Македонија“, кој припаѓа на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, е репрезент на македонската традиционална култура. Единствен во државата од ваков тип, ансамблот работи со кадар – професионалци, со кого раководат стручни лица од областа на традиционалната игра, инструменти и пеење. Младите уметници достојно го претставуваат она што се нарекува минато, она што претставува духовна и материјална култура, со еден збор – генетски код на еден народ.
Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура.