Во Македонскиот народен теарат во Скопје утре во 11 часот ќе се одржи комеморација за Владимир Ендровски-Љац. Колегите, роднините, пријателите и љубителите на театарот и филмот ќе се простат со човекот кој имаше карактеристичен излив на емоции, маестрално подготвени улоги, умешност, кој со огромна експлозија на енергија ја пренесуваше од сцената кон публиката сцена и телевизискиот/филмски екран, велат од МНТ.
Ендровски почина пред еден месец. Имаше 60 години.