Комеморација за Снежана Стамеска во Драмски театар

Kомеморација во чест на актеркаta Снежана Стамеска ќе се одржи денеска на пладне во фоајето на Драмски театар во Скопје. Стамеска беше погребана во саботата на Градските гробишта во Бутел пред голем број колеги, почитувачи, роднини и пријатели.

Стамеска беше првенка на Драмски театар Скопје и една од ѕвездите на македонското глумиште. Дипломирaла на Театарската академија во Белград во 1970.

Од нејзиното вработување во 1971 до пензионирањето во 2010 Стамеска беше член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Низ исклучително плодната актерска кариера одиграла преку седумдесет улоги во матичниот театар и на сцените на неколку други македонски театарски куќи.

Таа реализираше многу значајни телевизиски и филмски улоги. Исклучителната популарност Снежана Стамеска ја стекна во одумдесетите и деведесетите години кога публиката ја засака во улогите на Пандора во Солунски патрдии (1979), Вера во Диво месо (1979), Сина во телевизиската серија Трст виа Скопје (1987), Вера во Среќна Нова ’49 (1985), и Паца во Викенд на мртовци (1985).

Сподели