Комеморација за академик Луан Старова во МАНУ

Во свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите денеска во 10 часот ќе се одржи комеморација по повод смртта на академик Луан Старова. Комеморацијата ја организираат МАНУ, Друштвото на писателите на Македонија и Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Писателот, лингвист и дипломат Луан Старова почина на 24 март, во 81 година од животот. Беше редовен член на МАНУ.

Сподели