Комеморација за истакнатиот игроорец Симеон Чулев

Во просториите на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ денеска во 9.30 часот ќе се одржи комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот игроорец Симеон Чулев. На комеморативната седница неговите соработници, пријатели и колеги ќе се потсетат на неговиот исклучителен уметнички придонес, посветеност и богата кариера во „Танец“.

– Симеон Чулев беше нераскинлив дел од игроорниот кор на „Танец“, оставајќи траен и неизбришлив белег во историјата на ансамблот и во македонската фолклорна уметност – велат од Ансамблот.

Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта „Бутел“ во Скопје од 11.30 до 12.30 часот. Погребот ќе се оддржи на гробиштата „Камник“ во населбата Ченто.

Сподели