Комеморација во чест на Филип Стевановски

Комеморација во чест на м-р Филип Стевановски ќе се одржи в петок (28 март) во 12 часот во Народниот театар во Штип. Стевановски трагично загина во стравотниот пожар во Кочани. Иако само два месеца беше директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“, тој остави силен печат врз колективот и за кратко време помести многу нешта. Комеморацијата ја организираат театарот, Центарот за култура и ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ од Штип.

 

Сподели