Колкав IQ имате? Менса тестирање во Битола

Во Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола утре во 11 часот ќе се одржи тестирање на општата интелигенција. Тестирањето трае 20 минути, а го организира Менса Македонија. Целта на тестирањето е прием на нови членови во организацијата.

Потребно е да имате 16 години. Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International и резултатите се тајни. Повеќе инфoрмации на линкот.

Фото: Менса Македонија

Сподели