Колективот Skopje Jazz Inc вечерва во Литература.мк

Во интимниот амбиент на „Кафе Литература“ во трговскиот центар „Дајмонд мол“ вечерва во 21 часот ќе настапи колективот Skopje Jazz Inc. Џез-квартетот ќе ја изведе музиката од нивниот албум насловен Incorporated. Предводени од моќниот звук на трубата, во придружба на гитара, бас-гитара и тапани, ќе ги слушнеме композициите: The Professional, Uncle Zo, Run, Leena’s Song, To Repentance, The Miller Man, RH CH и You and I.

Настапуваат: Трајче Велков – труба, Зоран Костадиновски – гитара, Мартин Јосифовски – бас и Виктор Филиповски – тапани. Литература.мк, во партнерство со радиото „Џез ФМ“, организираат низа музички настани чија цел е на публиката да ѝ се овозможи уникатно искуство и да се поддржи развојот на џез-културата.

Сподели