Пишува: Даниел Ѓорѓевски, стручен соработник за археолошко наследство
Културното наследство е материјален доказ за колективната меморија на заедниците. Културното наследство е каталогизатор на минатото, промотор на сегашноста и механизам за развој во иднината. Сместена во срцето на Балканскиот полуостров, Македонија низ минатото била мост на поврзување на различни културни, народи, традиции, а за тоа говорат бројните културни добра кои ги имаме во изобилие на територија на целата држава.
Општина Гостивар како најсеверозападен регион во Македонија низ минатото била активна во предисторијата, но и во антиката и во средниот век. Денес најрепрезентативни зданија со културно значење од подалечното минато се четирите тврдини во селата Чајле, Горна Ѓоновица, Равен и Горна Бањица кои успеале да се изборат со забот на времето и природните влијанија, но не успеале да бидат поштедени од човековото незнаење и вандализам.
При неколкугодишните истражувања на четирите тврдини, секоја година одново и одновно се соочувам со иста глетка. Купишта ѓубриште, опожарени и изгорени падини, импровизирани огништа за пикник, во крајни случаи и остатоци од мртви животни.
Сето ова ни говори за степенот на развој на Општина Гостивар која воопшто не дава на значење на културните добра, а сево резултира со вандализација на културните добра.










Фото: Даниел Ѓорѓевски





