Со солзи во очите колегите, соработниците, студентите на Сара Пројковска вчера се простија од неа, на комеморацијата на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде таа беше вонреден професор. Пројковска е една од жртвите во стравотниот пожар што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
– И покрај тешкиот крст што ù беше даден за овој живот, таа никогаш не потклекна – рече проф. м-р Дарија Андовска, деканка на ФМУ и долгогодишна другарка на Пројковска.
На комеморацијата присуствуваше нејзиното семејство, многу студенти, пријатели, музичари со кои Пројковска соработуваше.
Покрај Андова, пред присутните се обратија Биба Додева, која прочита поема од поетесата Ана Бунтевска, наменета за Пројковска. Пијанистот Дино Имери во нејзина чест отсвире дело од Бетовен. Студентите во нејзина чест ја изведоа песната „Кога те нема“ од Хелена Благне. Во спомен на 60-те трагично загинати во пожарот, тие пуштија 60 балони кон небото.
Насловна фотографија: Принскрин





