Од 730.000 американски долари во Сингапур до ништо во Шведска, бонусите што олимпијците ги заработуваат за освоен медал варираат од држава во држава. Колку пари заработуваат спортистите за освоен златен, сребрен или бронзен медал во различни држави, пишува tri-today.

За повеќето спортисти најголемиот приход доаѓа од договори за спонзорство или финансиска поддршка од нивните локални федерации, но барем за повеќето држави, добар начин за заработка е и бонусот што го заработуваат секоја четврта година на олимпијадите.

Сингапур плаќа најдобро

Логично е што Сингапур ги нуди најголемите награди во светот за олимписки медал, ако се види колку медали обично обезбедуваат спортистите. Државата досега освоила пет олимписки медали, од кои еден златен и по два сребрени и бронзени. Јозеф Шолинг беше среќникот што освоил златен медал на дисциплината 100-метри пеперутка на Олимпијадата во Рио де Жанеиро во 2016 година. Во моментов, спортисти од оваа земја заработуваат околу 700.000 долари за олимписко злато, 370.000 за сребрен и 180.000 – за бронзен.

Не само Сингапур ги плаќа спортистите добро. Многу други азиски држави нудат убава премија за шампионите. Тајван, на пример, плаќа околу 715.000 долари за злато, Индонезија – 345.000 долари и дополнителна месечна плата од околу 1.400 долари.

Има држави што плаќаат месечна плата на спортистите што имаат освоено медал. Во Естонија освојувачите на златен медал добиваат повеќе од 5.000 долари годишно до крајот на животот.

20.000 ЕВРА ЗА ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ ОД ВЛАДАТА, ТРЕНЕРИТЕ ЈА ОТСТАПИЈА СВОЈАТА НАГРАДА ЗА ШАМПИОНОТ

Можеби потрошија многу пари како домаќини на настанот, но Јапонија не им плаќа многу на своите спортисти за освоен медал. За златен медал добиваат 45.000 долари, за сребрен – 18.000, а за бронзен – 9.000 долари.

Американските спортисти добиваат 38.000 долари за златен, 22.000 за сребро и 15.000 за бронза. Некои спортисти заработувааат од нивните од нивните национални федерации. Според Олимписките игри во Рио де Жанеиро, САД платија повеќе 3 милиони долари за сите заработени медали (46 златни, 37 сребрени и 38 бронзени).

Некаде наградата е честа да се борат за своите земји

Држава која најмногу ги наградува своите спортисти во Европа е Италија. Таа плаќа скоро 210.000 долари за злато, 90.000 за сребро и 60.000 за бронза. Во Германија, оваа сума поделете ја на пет. Медалистите со злато добиваат 23.000 долари, 17.000 – за сребро и 12.000 за бронза.

Во Франција олимписките шампиони добиваат 77.000 долари, освојувачите на сребро – 30.000, а на бронза – 18.000 долари.

Постојат и земји кои не плаќаат ништо за медал. Меѓу другите, тоа се: Велика Британија, Норвешка, Шведска и Нов Зеланд. Спортистите од овие земји се борат само за чест, кога станува збор за олимписките медали.

Насловна фотографија: јутјуб

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.