Економистот Јетон Шаќири, кадар на ДУИ, е предлогот на мандатарот Димитар Ковачевски за министер за образование и наука во новата Влада. Шаќири досега го водеше Министерството за информатичко општество и администрација.

Шаќири е роден во 1987 година во Струга, каде завршил основно образование и гимназија. Во 2008 година дипломирал на Економскиот факултет при Државниот универзитетот на Тетово. Истата година се запишува на постдипломски студии на Економскиот факултет при Меѓународниот универзитет во Струга. Откако во 2010 година го одбранил магистерскиот труд, се запишал на докторски студии на Економскиот факултет при Универзитетот на Тирана. Во 2016 година ја одбранил докторската дисертација на тема „Банкарскиот надзор и предизвиците при реализација на Базел II и Базел III во Р. Македонија (Анализа која е направена врз основа на поуките од финансиската криза од 2008-2009 година)“.

Млад почнал да дрѓи предавања на група предмети по економски науки. Упште во 2008 година бил ангажиран како помлад асистент на Факултетот за економски науки при Меѓународниот универзитет во Струга, каде во 2016 година е ангажиран како асистент- докторант, па како доцент. Од септември 2009 година до јуни 2018 година е раководител на додипломски и последипломски студии на Меѓународниот универзитет во Струга.

Потоа бил директор на МЈП „Проаква“, па во ЈП „Водовод и канализација“ во Струга. Од 30 август 2020 година ја извршуваше функцијата министер за информатичко општество и администрација во вториот мандат на Владата предводена од Зоран Заев. Меѓу 2008 и 2016 година бил член на организациониот одбор на неколку меѓународни научни собири. Учествувал на многу стручни обуки и конференции, а автор е на повеќе стручни трудови од областа на економијата и финансиите. Зборува албански, македонски и англиски јазик.

Насловна фотографија: Mинистерство за информатичко општество и администрација

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.