„Народното предание распространето низ земјите што го опкружуваат, вели дека на дното на Охридското Езеро, таму некаде кон неговата средина, каде од 20 век ќе минува границата помеѓу две држави, два света, Албанија и Југославија (а потоа Македонија), е дом на двоглавиот змеј. Заспаниот ѕвер од длабокиот, скоро маѓепсан сон се буди само за да ги казни, растргне и проголта невнимателните, несовесни патници-намерници и да им го пресретне обидот да преминат од едната на другата страна. Да не се случеше 20. век и зад себе, од обете страни на воденетата граница, не оставеше крвава трага од бруталноста на репресивниот режим кон нереализираните пребегнувања, тоа би било само уште еден скапоцен камен во ризницата на усната книжевност. Вака, приказната за змејот од Охридското Езеро прерасна во приказна за беспричинското патење и безумно страдање. Но, земјот не е најлошото нешто што им се случувало на емигрантите, вели во својот роман академик Луан Старова“.
Ова е дел од критиката на Петра Миочиќ-Мандиќ, по објавувањето на романот „Граница“ на хрватски јазик, во издание на „Тим прес“. Преводот на хрватски јазик го направи Хашим Бахтијари. Целиот текст прочитајте го ТУКА.





