Кога италијанскиот дизајн се среќава со македонскиот концепт на одржлива мода

Во Скопје деновиве се реализираат „Деновите на италијанскиот дизајн”, кои се спој на италијанскиот дизајн и одржливост. И овој март, сведоци сме на модната револуција која Скопје го става на глобалната мапа на одржлива мода, благодарение на Моден Викенд Скопје, кој по 28. пат е доказ и за трајното наследство, но и на иновативната иднина на модата.

Под покровителство на Амбасадата на Италија во Скопје, ITA – Италијанската трговска агенција, East Gate Mall и визионерскиот Моден викенд Скопје, овој настан претставува дијалог меѓу културите и поттикнувач на иновациите.

Н.Е Андреа Силвестри

Од свеченото отворање во петокот вечерта во Ист гејт мол, каде што италијанскиот етос на дизајнот се сретна со современата одржливост, под мотото „Создавање вредност: инклузивност, иновации и одржливост“, зборовите на неговата екселенција Андреа Силвестри – амбасадор на Италија во Скопје го потврдија фактот за безвременската филозофија на концептот Made in Italy.

– Во Италија, дизајнот не е само индустрија, тој е одраз на нашиот културен етос, каде што убавината и софистицираноста беспрекорно се спојуваат со иновациите и одржливоста. Нашата посветеност на дизајнот е патување кон создавање предмети кои не само што се естетски привлечни, туку се проткаени со материјална вредност – изработени преку процеси кои го почитуваат нашето наследство додека ја прифаќаме иднината. Италија, со својата водечка позиција во светот на дизајнот, ги прикажува производите што ја отелотворуваат душата на занаетчиството и напредниот марш на иновациите – истакна амбасадорот Силвестри во своето обраќање.

Потоа следуваа ревиите на City Fashion, Twinset, Patrizia Pepe, XYZ, Erreá Republic, Fashion&Friends, Benetton, Sisley, Dioptra Optics, Prima Optics и Chapter 3. Тие го открија најновото од врвните италијански брендови, остварувајќи ја целта да се спои традиционалната италијанска мода со современите трендови и одржливите практики, поставувајќи нов репер за индустријата.

На големото отворање, претходеше и официјалниот старт на поп-ап локацијата Ready, Steady, Shop! посветена на „бавната мода” како простор за излагање на македонските модни брендови и можности за нивно вмрежување. Па така, во центарот на вниманието до крај на март, силно ќе светат дизајнерите и брендовите кои учествуваат, секој придонесувајќи со својот уникатен наратив за оваа голема приказна на 28-то издание на Моден викенд Скопје. Од поетските интерпретации на Росица Мршиќ, преку дизајните на Bastet Noir, Ирина Тошева, Crius, Terziya, Радмила Георгиева, Магдалена Таневска и Мирјана Јосифовска до колекцијата „Наследство“ на Еснаф која ја испреплетува македонската традиција со современиот шмек, оваа локација ветува разновиден приказ на стил, иновации и традиција, а целосно посветен на бавната мода.

Сите настани се дизајнирани да поттикнат подлабока врска помеѓу заедницата и принципите на одржливо живеење преку модата и дизјанот.
Настанот ќе кулминира на крајот на март со домашни дизајнери кои ќе ги покажат своите креации, истакнувајќи ја моќта и креативноста на локалните модни сили. Овој настан ја нагласува тековната посветеност на FWSK28 за поттикнување на позитивна и одржлива модна индустрија.
Големото финале е закажано за 30 март, со Bridal Fashion Night, ветувајќи ексклузивен избор на невестински колекции.

Серијата настани ја потврдува доминантната позиција на Скопје како растечки центар за одржлива мода и дизајн во овој дел од светот, благодарејќи на Моден Викенд Скопје истовремено истакнувајќи ја заедничката глобална одговорност кон одржливоста. Соработката меѓу италијанските и македонските културни сили означува значаен чекор кон интегрирање на еколошките практики во рамките на меѓународниот дизајн и модата.

Моден викенд Скопје FWSK продолжува да биде во првите редови на прoмовирање на иновативна и етичка мода. Со историја која опфаќа повеќе од една деценија, FWSK е посветен на поттикнување на модната индустрија која ги почитува и луѓето и планетата. 28 изадние на овој култен настан кој ја слави модата и дизајнот е подготвено да започне.

Овој сет од настани е поддржан од пријателите на FWSK28:
Kiko Milano и Alfaparf Milano Professional во соработка со учениците од СУГС “Димитар Влахов”, Martimex и Versace, Ferrari Trento. Проектни партнери се IQOS, Perwoll Renew, MINT FinTech Group, MATCH super food, Obuca Metro, MG ART, и Аманти паста.

Сподели