Книжевниот превод и промоција на Јулијана Величковска на „Денови на прозата“ во Куманово

Денеска на пладне во фоајето на Центарот за култур во Куманово, ќе биде организрана промоција на „Ведра“ книгата за деца од писателката Јулијана Величковска, додека во 17 часот ќе има тркалезна маса за книжевниот превод, на која ќе зборуваат Петар Андоновски и Катица Гаровска од Македонија, Саша Пуљаревиќ од Словенија и Елена Алексиева од Бугарија, а модератор ќе биде Владимир Јанковски. Настаните се во рамките на второто издание на „Денови на прозата“.

Фестивалот ќе заврши со дебата на која ќе зборуваат писателите Арлинд Фазири, Живко Грозданоски, Калина Малеска, Стефан Алијевиќ од Македонија и Елена Алексиева од Бугарија, а модератор ќе биде Ана Јовковска.

– Фестивалот се организира за да ја доближи прозата до читателската публика, да промовираме и да дискутираме со автори кои се веќе етаблирани и познати на публиката, како и да даваме простор за промоција на млади автори кои пишуваат проза. Интересот првата година навистина беше голем и публиката, а и гостите дадоа позитивни реакции за целиот фестивал. Преку овој фестивал сакаме да ја ставиме убавата литература на пиедестал и да овозможиме со фестивалот да се случуваат и други дополнителни активности што ќе ги организираме тој период, а се поврзани со литературата и со прозата во нашиот град. Очекуваме дека со поставувањето на овој фестивал на мапата на книжевни фестивали во Македонија ќе придонесеме за популаризирање на книгата, на читањето и на дискусијата за истото, велат од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, организатори на Меѓународниот фестивал на прозата.

Фестивалот се реализира со поддршка од Министерството за култура и локални компании, пријатели на фестивалот.

Синоќа публиката имаше можност да дискутира со писателот и академик Влада Урошевиќ и со авторката Даница Вукичевиќ од Србија, која е добитничка на Ниновата награда.

Сподели