„Кино ан“ – филм и музика под отворено небо

По повод одбележувањето на 30-годишнината од независноста на Македонија, компанијата за организација на настани KLS EVENTS од вечерва организира тридневен настан „Кино ан“ – филм и музика под отворено небо. На голем екран ќе бидат прикажани култни македонски филмови што ги обележаа годините на независноста, а веднаш после проекцијата следува концертен настап на домашни музички групи.

Манифестацијата ќе почне со проекција на најгледаниот македонски филм „Балканкан“ на Дарко Митревски, од 2005 година во 20.30 часот во Куршимли ан.

Веднаш по филмот, во 22.30 часот, ќе настапи музичката група „Стринг форсес“.Влезот е бесплатен, но заради запазување на протоколите и бројот на присутни, потребна е резервација на билетите на дадените линкови. Бројот на присутни е ограничен, поради почитување на тековните ковид-протоколи. Настанот „Кино-ан“  e  дел од проектот – „Мултимедијален фестивал – Блесок“ , а целиот проект е подржан од Генералниот секретаријат на Владата.

Во наредните два дена ќе бидат прикажани „ Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски и „Џипси меџик“ на Столе Попов, а ќе настапат Бени и Нон стоп и Чалгија саунд систем.

 

 

Резервација на влезници:

Сподели