Предавање и работилница на тема „Кинески фенери: Симбол на пролетниот фестивал“ ќе се одржи денеска во 12 часот во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје. Настанот ќе се одвива во два дела: Предавања за Пролетниот фестивал и Фестивалот на фенери кој во Кина се одржува на петнаесеттиот ден од првиот месец во лунарниот кинески календар, а оваа година се паѓа на 12 февруари. Присутните ќе имаат можност да се запознаат со историјата на овие фестивали, како се прославуваат во денешно време во Кина, како и различни видови фенери и нивна симболика.
Работилница за изработка на кинески фенери како одбележување на фестивалот каде пријавените учесници ќе можат самите за да си изработат хартиен фенер. Во рамките на работилницата, присутните ќе можат да ги научат техниките на кинеската калиграфија и да испишат желби.
Заинтересираните за учество на работилницата потребно е да се пријават на линкот. Предавањето е бесплатно. За учество на работилницата се плажаат 200 денари за обезбедување на потребни материјали. Настанот го организираат „Пагода“ во соработка со Институт „Конфуциј“ од Скопје.





