Поддршка на локалната културна сцена, но и на меѓународното вмрежување, враќање на старата публика, но и создавање нова преку неформална едукација, прилагодувајќи се на потребите на младите најавива новото раководство на Културно-информативниот центар во Скопје. Нов директот на градската институција е Антонио Димитров.

– На нашата млада публика ѝ треба култура, уметност, музика, повеќе од кога било досега. КИЦ е една од најстарите културни установи во градот. Со долгогодишна традиција во животот на скопјани, годинава одбележува 55 години од своето постоење. Токму во пресерет на јубилејот се случи промена во раководството на установата, а со тоа и во културните политики на центарот. Почнуваме нова ера во работењето, со нова енергија, ентузијазам, свежи идеи и со јасна визија – соопшуваат од Центарот.

Тие најавуваат обновена, збогатена, освежена и темелно концепирана програма, креирана по светски стандарди. Приоритет ќе им биде отвореноста кон уметниците, кон веќе етаблиранате, но и за нови уметници, писатели, музичари, артисти.
– Веќе подготвуваме внимателно избрана ликовна, литературна, музичка, филмска и мултимедијална програма. Уште со првиот проект – градски културен информатор – го враќаме и информативниот аспект на установата. Очекувајте го првиот број наскоро – најавуваат од КИЦ.

Годинава фокусот ќе биде ставен на два мултимедијални фестивала, но и на меѓународни соработки и вмрежување со интернационални културни центри.
– Во напливот од тривијална, потрошувачка, хиперкомерцијална, банална култура, нашата главна цел е поставување на цврсти темели за здрава сцена, заснована на изградени творци и едуцирана публика – велат од КИЦ.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.