Претставата „Кенди“ на Театар „Златен Елец“ од Скопје ја доби наградата за најдобра претстава на Џез фестивалот „Нишвил“ во Ниш. Овој независен театар ја дели наградата со Teatra En Vol од Сардинија, Италија. Шест претстави учествуваа во театарскиот дел на фестивалот. Жирито беше во состав: Франко Унгаро, Наташа Гвозденовиќ и Ана Тасиќ, кое наградите ги додели едногласно. Улогите во претставата ги толкуваат Лео Поповиќ и Бобан Алексоски.
Во одлуката за најдобра претстава стои дела „Кенди“ се издвојува по вистинитоста што дава надеж во можностите на современиот театар, особено што ја создадоа млади актери чија енергија е несекојдневно разорна, посветена и заразна“.
-Оваа претстава на критички начин се занимава со општествено важна и чувствителна тема – пеколот на зависностите. Музиката на Лука Тошев се изведува во живо и има „деликатен интензитет“, смисла на контрасти, чување безбедносен простор, неизвалкана убавина во пеколот на зависностите – вели жирито.