Претставата „Ќелавата пејачка“ во режија и адаптација на Јагош Марковиќ, ќе гостува вечерва во 20 часот во Драмски театар во Скопје, на Фестивалот на регионални театри РУТА, што беше отворен синоќа. Претставата е според текстот на Ежен Јонеско, а ликовите ги толкуваат регионалните актерски ѕвезди: Олга Одановиќ, Бранко Видаковиќ, Дубравка Дракиќ, Момчило Оташевиќ, Сандра Бугарски и Бранимир Поповиќ. Продукцијата е на Центарот за култура Тиват.
Јагош Марковиќ е еден од најнаградуваните режисери во регионот. „Ќелавата пејачка“ е една од неговите последни проекти. Марковиќ почина пред две години.
…Како што, по правило, не постои цивилизација која на врвовите на своето битисување не ги изнедрила и сопствените апсурди како убедливите потврди за траењето; конформизмот, како достигнато ниво на односот надвор од кој нејзиното разбирање станува невозможно; најпосле, правилата и односите на комуницирањето, засновани врз употребата и размената на таканаречените „апсолутни вистини“ на јазичките фрази и досетки, врз кои се втемелуваат/базираат „редот и пристојноста“ на нејзиното опкружување – така и избравме рецептот и правото за „домашното“ ни театарско истражување на Јонесковата „антидрама“ свесно да го побараме во особеностите на Бока, убедени дека, на тој начин, всушност ѝ го даваме омажот кој го заслужила и го заслужува.
Фестивалот РУТА ќе трае до 31 октомври. Повеќе за програмата, можете да видите на следниот ЛИНК.





