Претставата со спонтан хумор „Кец на десетка”, по текст на Митко Бојаџиски, во режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, а во продукција на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот, по втор пат ќе гостува во Домот на културата „Антон Панов” во Струмица.
Во претставата во која играат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Нина Гачиќ-Деан и Ивица Димитријевиќ, од премиерната изведба во 2017 година до денес има повеќе од 70 изведби, а публиката ја бара одново.





