Како треба да изгледа наставата по математика за основно и средно образование на сите нивоа? Сите наставници и родители имаат шанска да си ги кажат забелешките и предизвиците со кои се соочуваат во анкетата што ја отвори наставникот по математика Игор Богданоски од Прилеп.
– За сите наставници од одделенска настава, наставници по математика од основните и средните училишта и сите родители чии деца учат математика во нашата држава, но и оние кои ги создаваат нашите идни наставници по математика. Одвојте 5 до 10 минути и пополнете го прашалникот и најотворено одговорете на поставените прашање во однос на предизвиците со кои се соочувате, а се поврзани со наставата по математика – вели Богданоски.
Одговорите ќе бидат искористени за креирање на настани специјализирани за наставниците по математика и идни панел-дискусии на кои ќе се дискутира за изнесените проблеми и предизвици. Ова е можност да си го искажете вашиот личен став за тоа како треба да изгледа наставата по математика.
Анкетата на линкот.
Насловна фотографија: Pixabay





