Како размислува софтверски инженер, кои вештини ги поседуваат креативните дизајнери? Отворен ден на Бреинстер Некст колеџ

На настанот што ќе се одржи на 29 август (вторник) во 17 часот, сите заинтересирани кандидати за упис и родители ќе имаат можност да дознаат што го прави Бреинстер Некст колеџ поинаков од другите факултети за информатички технологии, а ќе може да присуствуваат на интерактивни предавања од професорите и предавачите

Што работи еден софтверски инженер, дали само решава проблеми и како функционира неговиот „мајндсет“? Каква е улогата на графичките и UX/UI дизајнери во креативниот дигитален свет и што е потребно за да се успее како претприемач во Македонија? Ова се само дел од интересните предавања што ќе имаат можност да ги слушнат присутните на Отворениот ден на првиот практичен ИТ-факултет кај нас, Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College), што ќе се одржи во вторник (29 август) во 17 часот во нивните простории.

Посетителите ќе се запознаат со академскиот и административниот кадар што ќе ги води студентите низ целото академско патување, ќе има кариерно советување за сите што се прашуваат дали и која професија во ИТ-светот е вистинскиот избор за нив како и инфосесии поврзани со уписите, студиите, студиските програми, предметите и практичната настава.

Сертификат за учество за сите предавања

Сите заинтересирани ќе имаат можност да учествуваат на едно или повеќе интерактивни предавања од страна на професорите и предавачите – реномирани експерти во својата област, и да стекнат сертификат за учество.

Ивица Пешовски

Посетителите ќе ја слушнат инспиративната успешна приказна на Петар Ниновски – основачот на „Бреинстер“ и Бреинстер Некст колеџ, а Ивица Пешовски кого студентите го оценија како еден од најдобрите предавачи на факултетот, ќе објасни како функционира мозокот на инженерите, односно коj начин на размислување овозможува да се стане успешен софтверски инженер.

– Работа на еден софтверски инженер не е исклучиво да решава проблеми како што често може да се слушне. Софтверските инженери во себе имаат канвас со бескрајни можности. Нивната пасија за технологија, иновација и доживотно учење е она што го пополнува тој канвас – ни сподели Пешовски.

Александар Нофитоски, експерт од индустријата ќе има предавање на тема: „Што всушност значи да се биде дизајнер“ и која е нивната улога во денешните креативни индустрии.

Александар Нофитоски

– Ќе зборувам на темата и зошто сме ние битни како креативци за кој било бренд и компанија, што е дизајнерот и какви вештини треба да поседува. И секако што работи UX/UI дизајнерот и зошто е нивната улога толку важна во дигиталната ера – вели Нофитоски.

Практичен ИТ-факултет, соработка со партнерски компании

Особено значајно е што присутните ќе имаат можност и да се запознаат со улогата на тимот „Партнерства“ и што тие прават за Бреинстер Некст колеџ да биде практичен факулет.

– Јана Тодоровска која го води тимот „Партнерства“ ќе објасни на кои реални проекти работат нашите студенти, кои се можностите за учество на хакатони, зошто нудиме платена пракса во компании по завршувањето на првата година од студиите и која е улогата на професорите и предавачите кои се експерти од индустријата – велат од факултетот.

Од минатогодишниот Отворен ден

Бренстер Некст колеџ лани ги отвори вратите за првата генерација студенти кои се запишаа на програмата „Софтверско инженерство и иновации“. Од годинава ја нуди и додипломската студиска програма Примена на информациски технологии – дигитален дизајн и интерактивни технологии која е во процес на акредитација.

Факултетот е познат по финансиската поволност „Студирај сега, плаќај по вработувањето“, која на сите заинтересирани кандидати им нуди можност да студираат за 0 денари, а школарината да ја исплаќаат на рати без камата после дипломирање или вработување. Конкурсот за упис е објавен, а заинтерсираните за упис и користење на оваа поволност потребно е да го решат компетитивниот тест.

Отворениот ден на Бреинстер Некст колеџ ќе започне во 17 часот на 29 август во просториите на Brainster Space, на ул. Васил Ѓоргов 19 (Капиштец, спроти Зебра). Линкот за регистрација на настанот е достапен ТУКА!

Сподели