Што сè е потребно за еден работник да се развие во врвен професионалец? Кои фактори влијаат врз кариерниот развој? Ова се дел од прашања што ќе бидат опфатени во рамките на предавањето на Никита Попова, специјалист за човечки ресурси, кое вечерва во 17 часот ќе се одржи на Филозофскиот факултет во Скопје.
Таа своите искуства ќе ги пренесе преку објаснување на тоа како улогите на вработените во една фирма можат да влијаат врз нивниот развој. Како и кои алатки може да помогнат и зошто процесите во една фирма се клучни за создавање на околина и култура на раст и развој.
Попова е специјалист за човечки ресурси во IT Labs, дипломиран психолог со повеќе од четири години искуство со менаџмент на човечки ресурси во разни индустрии. Таа е фокусирана на личниот раст и развој, унапредување на кариери, развивање активности и методи кои создаваат кохезија во тимови и градење на тимски дух.





