„Кајмак“ е најдобар филм на фестивал во Црна Гора

Филмот „Кајмак“ на режисерoт Милчо Манчевски ја доби наградата за надјобар филм на Фестивалот „Фортеца“, што се одржа во Црна Гора. Овој мал, но реномиран фестивал кој се одржува во живописниот историски град Пераст, е во партнерство со познатиот БаНеФФ од Стокхолм, Шведска. За „Кајмак“ оваа меѓународна награда е осма по ред досега.

„Кајмак” е еден од најширокот дистрибуираните македонски филмови низ цел свет. Тој е продаден за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, како и во Австралија и Карибите – од неодамна во Шпанија, Португалија, а претходно и во Мексико, Аргентина, Бразил и Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, од Гвајана и Ст. Китс и Невис до Данска, Хрватска… Процесот на пласман продолжува и натаму.

„Кајмак“, македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж, ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија) во ноември 2022 година, потоа продолжи со глобална фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, САД, Холандија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Албанија, итн. Филмот беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми.

„Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија во 2022 година.

Сподели