Каде да студирате? Саем на факултети „Уникомпас“ во МКЦ

Како да направиш „нинџа“ мастило? Сте виделе ли некогаш пари што не горат? Како да знаете дали сте заљубени или има земјотрес? Ова се само дел од прашањата на кои ќе добиете одговори на штандот на Природно-математичкиот факултет на Саемот „Уникомпас“ што ќе се одржи задутре (6 јули) од 10 до 16 часот во Млаедонскиот културен центар во Скопје.

Свој штанд ќе имаат и „Бреинстер Некст Колеџ“, УКЛО, ФЕИТ, ФИНКИ, УГД и други.

– Саемот е единствена можност за средношколците и идни студенти на едно место да се сретнат со претставници на повеќе факултети и универзитети, да дознаат за нивните студиски програми, уписни рокови, можности за стипендии и кариера, животот на кампусите, но и да учествуваат на работилници за кариерно советување и да ги истражат различните образовни и професионални патишта кои ќе ја одредат нивната иднина. Ќе учествуваат повеќе од 20 факултети од различни универзитети, кои пред матурантите ќе ги презентираат своите програми, услови и можности – велат од Саемот.

Начин на пријавување и повеќе информации на линкот.

Сподели