„Jужна sвезда“ е насловот на новата поетска книга од академик Влада Урошевиќ која деновиве беше објавена на руски јазик. Книгата ја објави Центарот за книга „Рудомино“ по повод неговото прогласување за добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година.
„Jужна sвезда“ содржи повеќе од 200 песни создадени во текот на шеесетгодишното книжевно творештво на Урошевиќ. Според жанрот, тие се досетливи нацрти, новели, балади, полни со афористички хумор и со самоиронија.
Авторка на проектот е Олга Панкина, коjа ги состави и преведе двете поетски книги проследени со исклучителни колажи.
„Jужна sвезда“ излегува по збирката „Пеjач во кулата“ за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби највисоката руска награда за поезија „Златен витез“. Урошевиќ им е познат на руските читатели не само како поет, туку и како прозен автор, благодарение на преведените романи од Панкина. Тоа се – „Невестата на змеjот“, „Барајте го гавранот“ („Дива лига“) и „Маџун“, расказите „Сабја“, „Кукла“, „Вишнев ликер“ и други.





