Актерот Јордан Симонов ја доби наградата „Ристо Шишков“

За улогата на Павле во претставата „Лагата“ од Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи, а во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје, актерот Јордан Симонов ја доби наградата „Ристо Шишков“. За наградата едногласно одлучи жири-комисијата во состав: Дарја Ризова, претседател, Мими Таневска и Иван Додовски, членови.

– Јордан Симонов, со внимателно избрани актерски средства, успева да оствари моќна и осмислена улога. Тој покажува особено чувство за партнерска игра и вешто го води ликот, кој во себе крие тајни, од привидна наивност до длабока перфидност. Со својата способност за трансформација, Јордан Симонов доминира на сцената, субверзивно поигрувајќи си со очекувањата на публиката, на работ меѓу комичното и неверојатното, меѓу лагата и вистината – вели жирито.

31. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ заврши синоќа, а започна традиционално, на 8 септември.

Сподели