Низ фотогалерија ви пренесуваме дел од синоќешната атмосфера во Античкиот театар во Охрид, каде холивудскиот актер Џон Малкович настапи во претставата „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец“. Автор и режисер на музичко-сценското дело е Михаел Штурмингер. Диригент беше Мартин Хазелбoк, а со Малкович солистички настапија сопраните Чен Реис и Сузан Лангбејн и оркестарот на Виенската академија. Претставата беше одиграна во рамките на фестивалот Охридско лето.