Министерството за култура организира јавна расправа за предлог-законот за употребата на македонскиот јазик денеска на пладне во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик го изготвија Министерството и Советот за македонски јазик.
Со Законот, чие донесување се предлага, се уредуваат употребата на македонскиот јазик, утврден со Уставот како службен јазик во Република Северна Македонија, основањето на Советот за македонски јазик и неговите надлежности, испитот за добивање лекторска лиценца, основањето на Инспекторатот за македонски јазик и неговите надлежности, надзорот над спроведувањето на овој закон и други прашања од значење за употребата на македонскиот јазик. Според одредбите од овој предлог македонскиот јазик, е македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо.





