Јасмин Леви му се враќа на Скопје на 17 октомври

Израелската ѕвезда Јасмин Леви по година и пол повторно ќе и’ се врати на македонската публика и на 17 октомври ќе одржи концерт во Македонската филхармонија.

– Скопје, среќна сум што се враќам! Вашата љубов, вашата енергија, сѐ уште ги носам со себе. Да се сретнеме повторно на 17 октомври за уште една незаборавна вечер – напиша Леви на својата фејсбук-страница.

Јасмин Леви е родена и израсната на Блискиот Исток, каде од најмала возраст ја впива музичката разноликост на регионот – од класична музика и џез, па сè до автентичните ориентални звуци. Таа умешно ги спојува овие влијанија со шпанските ритми и фламенко, создавајќи препознатлив стил што ја издвојува на светската музичка сцена. Нејзиниот вокал, полн со страст и емоција, ја освои скопската публика во април годинава, кога концертот во Македонската филхармонија беше целосно распродаден. Со оглед на тоа искуство, очекувањата за новиот настап се големи – уште една вечер исполнета со фламенко, латински ритми и моќна интерпретација.

Прочитајте ПОВЕЌЕ за нејзиниот прв концерт во Скопје, што се одржа на 7 април 2024 година. Концертот го организира Stars&Stars од Босна и Херцеговина.

Фото: Стефан Рајхл

Сподели