Јана Манева Чупоска е нова претседателка на ДЛУМ

Ликовната уметница Јана Манева Чупоска е новата претседателка на Друштвто на ликовните уметници на Македонија, на вонредното издание што се одржа вчера. Таа ќе го раководи Друштвото во наредните четири години.
Јана Манева Чупоска дипломира сликарство во 1996 година во класата на проф. Симон Шемов. Специјалистички студии по сликарство и рачна обработка на стакло завршува на Високата школа за применета уметност во Прага. Во 2006 година станала магистар по уметност. Таа станала доктор од областа на етнологијата и дизајнот.

Член е на ДЛУМ од 1997 година и активно учествувала на самостојни и групни ликовни излагања на домашната и меѓународна ликовна сцена. Авторка на книги од областа на ликовната уметност и дизајн. Има објавено меѓународни трудови во научни зборници од областа на ликовната уметност и дизајн. Кураторка на ликовниот проект „Фемина 8“. Манева-Чупска е редовен професор на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет. Учествува на семинари од областа на ликовната уметност и дизајн со сопствени излагања во Скопје, Белград, Дизелдорф, Париз, Прага, Загреб и др.

Насловна фотографија: Јутјуб/Јади бурек

Сподели