Ренесансниот уметник Донатело, дела од Дејвид Хокни, Марина Абрамовиќ, уметноста на Јоханес Вермер се дел од изложбите во 2023 што треба да се видат, според „Гардијан“.
„Вајајќи ја ренесансата“ е насловот на големата изложба на дела од Донатело која од 11 февруари до 11 јуни ќе биде отворена во музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон. Изложбата на Абрамовиќ два пати била откажувана, за годинава да добие конечен датум – од 23 септември до 10 декември во Кралската акедмија во Лондон.
Уште една интересна изложба ќе биде отворена од ноември до април идната година во галеријата „Тејт модерн“ – Уметноста, активизмот и женското движење во Обединетото кралство 1970-90, на која ќе бидат селектирани дела од стотина влијателни уметници.
Повеќе за изложбите што ги прерпорачува „Гардијан“ на линкот.
Насловна фотографија: Francisco Anzola / Wikipedia





