„Убава е Македонија“ е насловот на изложбата на Новица Трајковски што е отворена во галеријата „Метаноја“ во Скопје. За изложбата, рецензентот д-р Коста Милков вели: „Уметничката техника, методот, обработката, медиумот, жанрот и толкувањето можат да го направат секој физички предмет да мине отаде стварното и видливото; феноменот да каже нешто и за нуменот. … Првиот впечаток кога се гледа секое платно поединечно, а потоа и како целина е повикот на уметникот да се забележи феноменот. Да се види претставеното, да се забележат деталите на него, особено оние аспекти кои потезите, четката и боите ги нагласиле.“

Настанот ќе биде спроведен според протоколите за заштита од ковид-19.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.