Мултисензорната изложба „Допир на уметноста 2025“ е отворена во Заводот и музеј во по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лица со попреченост. Ова е прва изложба од ваков тип во македонските музеи. Пред присутните се обратија директорката на музејот, Маргарета Спасов, д-р Ирена Ружин, раководителка на проектот, Весна Софрониевска, консултант од Здружението на лица со оштетен вид, а ја отвори младата Вероника Кочов, средношколка и пријателка на Музејот.

Поставката е составена од пет тактилни копии на уметнички дела и пет тактилни копии инспирирани од експонати од постојаната поставка на Завод и музеј од Битола, фотографии, текстови и легенди на Брајово писмо, аудио приказни и видеа на знаковен јазик, до кои се пристапува преку QR кодови и NFC тагови.

За делата се подготвени и дигитални анимации приспособени за лица со интелектуална попреченост, кои дополнително ќе бидат промовирани. Планирани се поединечни работилници со повеќе помали групи и посетители со различни видови попреченост.

На проектот работеа уметниците Јана Николовска и Горазд Николовски, Владимир Ивановски, дигитален уметник, м-р Јове Парговски, ИТ (NFC и QR), Андријана Шокларовска, текст на Брајово писмо, Горан Кочов, техничко опремување. Аудио наратор е Силвана Петрова-Насух, Катерина Шарковска – знаковен јазик, Мими Марковски – снимател.





