Изложба на фотографии во Гевгелија

Во Домот на култура „Македонија“ во Гевгелија отворена е изложба на фотографии. Под наслов „Скопје со културните добра“ претставени се фотографии со народни носии од етничките предели Скопска Блатија, Скопска Црна Гора, Скопски Дервен, Каршијак, како и носии од градската култура во периодот на „ала франка“. Покрај носиите, прикажани се и најбележитите локации на Скопје и околината.

Изложбата ќе биде поставена во холот на Народниот театар до 14 февруари. Сите што сакаат да ја посетат треба да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од ковид-19. Поставката е отворена за посета од 9 до 15 часот. Организирањето на изложбата е во соработка со Ансамблот „Македонија“, долгогодишен соработник на Домот на културата во Гевгелија.

Сподели