Во галеријата „Рудиќ“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложба на фотографии од познатиот хрватски фотограф Станко Абаџиќ. Тој ќе се претстави со 30 црно-бели фотографии снимени од 2018 до 2021 година. На отворањето ќе биде присутен и авторот.

Абаџиќ е роден во 1952 година во Вуковар. Дипломирал германистика и работел како дописник во „Вјесник“ од Вуковар. Од 1995 до 2002 година престојувал во Чешка, каде што работел како слободен фотограф. Имал самостојни изложби во 16 европски земји, Аргентина, Јапонија, Америка и Русија. Неговите фотографии може да се најдат во бројни збирки во Европа, Хрватска и Америка. Член е на Хрватско друштво на ликовни уметници од Загреб, Хрватскиот сојуз на самостојни уметници и на фотоклубот Загреб. Живее и работи во Загреб.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.