Во ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите вечерва во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на дела од скулпторот Ангел Димовски-Чауш. Ќе бидат претставени 60 дела – скулптури, цртежи, слики – објекти, изработени во бронза, дрво, алуминиум, мермер, изработени во изминатите 50 години и дела создадени во последните неколку години, досега неизложени.

Изложбата ќе ја отвори академик Васко Ташковски, а ќе биде отворена до крајот на март. Димовски-Чауш е еден од предлог-кандидатите за избор за дописни членови на МАНУ поднесени од одделенијата на Академијата, од сенати на универзитетите, од наставно-научни совети на факултетите и од советите на научните установи.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.