Изложба на Ангел Димовски-Чауш во Кавадарци

Во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци отворена е изложба на дела од скукпторот Ангел Димовски-Чауш. Тој се претставува содела изработени во изминативе педесет години. Компонирани се од фигуративни, предметни, јазични и археолошко-етнографски содржини, како претстави од животни ситуации и активности, како реминисценци на митолошки теми кои минале во народни обичаи, како критички однос кон актуелни состојби и настани од стварноста, и како омажи за писмото на артефактите.

Ангел Димовски-Чауш е роден во 1952 година во Крнино, Велес. Во 1973 година завршил Училипте за применета уметност во Скопје, отсек вајарство, во класата на Димо Тодоровски. Од 1973 до 1977 година студирал на Факултетот за историја на уметност со археологија. Со отворањето на Факултетот за ликовна уметност во 1980 година се запишал на отсекот за вајарсво, каде дипломирал во 1984 година во класата на Петар Хаџи Бошков.

Сподели