Во културно-историскиот објект Сули ан вечерва во 19 часот ќе почне програмата за одбележување на годишната изложба на Факулететот за ликовна уметност во Скопје. Програмата започна синоќа со дел што се одржа во кампусот на Педагошкиот факултет. Во 19 часот во Сули ан студенти од ФЛУ и групата „Калико“ ќе имаат музички настап. Ќе им бидат врачени дипломите на најуспешните студенти од четврта година. Ќе бидат отворени изложби во сите ателјеа и галерија на ФЛУ во Сули ан. Ќе следува забава со диџеј Гоце на партерот во Сули ан.
Ова е 45. годишна завршна изложба на ФЛУ. Изложбата претставува кулминација на академската 2024/2025 година, на која публиката ќе има можност да види селекција на уметнички дела од сите студенти на ФЛУ – од сите четири студиски години и од сите насоки: Сликарство, Скулптура, Графика и Ликовна педагогија, и од изборните предмети како сценографија, графички дизајн, фотографија, конзервација и реставрација, и други.
Во Галеријата ФЛУ ќе биде поставена изложбата на наградените студенти од четврта година, додека во Галеријата „Д.А. –
Гуте“ во Сули ан ќе има изложба на студентска графика „Драгутин Аврамовски – Гуте“. Настанот е отворен за јавноста и претставува одлична можност да се запознае работата, креативноста и иновативноста на младите уметници.





