Изложбата „Вечното танго“ отворена во „КО-РА“

Во галеријата „КО-РА“ e отворена традицоналната мултимедијална изложба „Вечното танго“ на која се претставени слики, скулптури, графики, инсталации инспирирани од златниот период на тангото и музиката на композиторот Астор Пјацола.

-Изложбата обединува многубројни уметници од повеќе сфери на уметноста од земјата и од странство, кои творат инспирирани непосредно од музиката на Пјацола и славните танга. Во изминатите години овие проекти здружуваа многубројни уметници, сликари, скулптори, графичари, поети, музичари, танчари, дизајнери, фотографи, соопшти организаторот на изложбата – велат организаторите.

На отворањето, членови на Студиото за танц „Фамилија Тангови“ изведоа танц-перформанс.

Сподели