Изложбата „Пиктограми“ во Прилеп

Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 19 часот ќе биде иде отворена изложбата „Пиктограми“ од Светлана Попова и Марија Штерјова. Тие ќе се претстават со 33 дела изработени помеѓу 2019 и 2024 година. Сликите се изработени во техника акрил на платно, акрил на панел, акрил на хартија, со различни димензии, јаки контрасти на бои, слободни движења на сликарско ноже, кист и четка со огромна големина.

– Симболиката на преносното значење на знаците, да се препознаат, прочитаат, почуствуваат, универзалноста на математички совршениот бескраен универзум, пресликан во фантастичниот мал Фибоначи човек, е лајтмотивот на оваа изложба. „Пиктограми“, во своите творби не само што ја прославуваат убавината на светот околу нив, туку и пренесуваат наратив на емоции, искуства и врски, поканувајќи ги гледачите да ги истражат длабочините на човековото изразување, втурнувајќи се длабоко во значењето на сликовниот јазик и сопствената душа – велат организаторите.

Двете авторки се самоуки уметнички. Љубовта кон боите, платното, четките ги споила, а секое парче резонира со суштината на животот, раскошот на љубовта, битот на семејството, визијата кон инднината, а се преку универзалниот јазик на симболите.

 

Сподели