Изложба на слики, цртежи и принтови во КИЦ

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики, цртежи и принтови од Суире Магали Симоне од Франција и Сергеј Јордановски од Македонија. Тие ќе се претстават со 20 дела создадени во просториите на уметничкото атеље на КИЦ.

Изложбата е дел во рамките на меѓународниот уметнички проект на вмрежени градови од Европа „КРЕАРТ – Уметник во престој“ подржана од градот Скопје како еден од градовите учесници. КИЦ веќе петта година го организира овој меѓународен проект во кој до сега учествуваа уметници од Хрватска, Италија, Латвија и од Македонија. Изложбата ќе биде отворена до 10 јули.

Сподели