Изложба „Просторни реадаптации 2.0“ вечерва покрај кејот на Вардар

„Просторни реадаптации 2.0“ е насловот на изложбата што ќе се реализира долж Скопската плажа покрај кејот на Вардар вечерва од 20.30 часот, а ќе трае до 23 часот. Ова е второ издание на изложбата, а група автори со своите мултидисциплинарни и инвентивни истражувања го трансформираат отворениот простор на некогашната скопска плажа, преполнувајќи го со разновидни концепти кои нудат свежи перспективи и давајќи му нова смисла.

– Очекувајте да ги погледнете и да ги доживеете овие трансформации на просторот од автори кои третираат разновидни уметнички дисциплини, велат организаторите.

Учествуваат: Ивана Ќ. Самандова, Ана Ивановска, Доротеј Нешовски, Ертунч Сали, Ненад Тонкин, Озбег Ајваз, Ана Трајковска, Ивана Мирчевска, ОПА, Благојче Наумовски Бане, Кристијан Јованоски – автори кои ќе ја приближат уметноста до секојдневието на граѓаните и ќе овозможат поблиско запознавање на македонските уметници и различните изведби на денешната современа уметност.

Проектот е поддржан од Министерство за културa и Град Скопје.

Сподели